Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседателот на турското Собрание Шентоп на средба со Џафери и Пендаровски

/

пред 1748 дена

Сподели преку :

Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.

По церемонијата на свечен пречек со високи државни и воени почести пред законодавниот дом Шентоп ќе има средба со неговиот домаќин Талат Џафери и ќе се потпише во Книгата на впечатоци.

Предвидено е и обраќање на Шентоп пред пратениците на Собранието, како и средба со претседателот Стево Пендаровски.

Инаку припадниците на турската заедница во земјава денеска го одбележуваат Денот на настава на турски јазик, кој е единствен национален празник на Турците во Република Северна Македонија и од 2007 година е неработен ден за нив.

На 21 декември се одбележуува почетокот на наставата на турски јазик – на овој датум 1944 година, во основното училиште „Тефејуз“ во Скопје.