Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседателот Стево Пендаровски со честитка до МПЦ за празнувањето на Свети Климент и за неговото значење

/

пред 1760 дена

Сподели преку :

  1. Мудроста и поуките на свети Климент Охридски се втемелени во светогледот на нашиот народ и на нивните вредности се развива и нашата Македонска православна црква. Инспирирани од неговото дело, во овие сложени времиња исполнети со многу предизвици, да се стремиме кон подостоен живот, живот исполнет со добри дела. Да бидеме солидарни, сплотени, да си посветуваме внимание и да си даруваме љубов, напиша претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски во честитката упатена до г. г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима.

Честитајќи им го празникот на г. г. Стефан, на членовите на Светиот архиерејски синод, на целото свештенство и монаштво и на сите верници од православната вероисповед, Пендаровски вели дека свети Климент Охридски како еден од најистакнатите ученици и следбеници на сесловенските браќа, светите Кирил и Методиј, со отворањето на Охридската книжевна школа, позната и како Прв универзитет на Балканот, остави непроценлив придонес во етаблирањето на словенската култура.

-Неговото духовно и книжевно дело е трајно врежано во македонското културно наследство, но и во историјата и во традицијата на многу европски земји. Нека е за многу години големиот празник Свети Климент Охридски, посочува претседателот Пендаровски во честитката.