Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен Бојко Борисов со дел од неговиот поранешен премиерски кабинет

/

пред 1680 дена

Сподели преку :

Лидерот на ГЕРБ поранешен премиер на Бугарија Бојко Борисов, неговата советничка за медиуми Севдалина Арнаудова, поранешната пратеничка Менда Стојанова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов се приведени.

Полицијата влегла во домот на Борисов и во домовите на уште неколку други поранешни функционери.

Објаснувањето од бугарската полицијата е „итна проверка”. Истите контроли се вршат и во домовите на претставници на големиот бизнис „Никој не е над законот” напиша премиерот Кирил Петков на својот Фејсбук профил.

Во меѓувреме Бугарското Министерство за внатрешни работи ја отстрани веста од својата интернет-страница за апсењето на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, јав БГНЕС.

Претходно, ГЕРБ и бугарските медиуми објавија дека полиција го привела поранешниот премиер Борисов.

Во Бугарја во голема заедничка операција со Европското јавно обвинителство. Се проверуваат 120 досиеја.

Бугарските медиуми јавија дека се приведени  Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова.

– Никој не е над законот напиша бугарскиот премиер Кирил Петков на Фејсбук како коментар на информацијата за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Во меѓувреме  бугарски медиуми објавија дека се забележани собири на приврзаници на на ГЕРБ.