Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Притвор за уапсените цариници и полицајци

/

пред 1747 дена

Сподели преку :

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени 9 лица осомничени – дел за кривичното дело Криумчарење, а дел за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на 8 од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од 8 дена со оглед дека против истиот е поднесен предлог во скратена постака.

Според решенијата за определување мерка притвор, судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т 1. 2. и 3. од ЗКП односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истрагата и опасност да го повторат делото.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.