Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пробно стартува со работа ТЕЦ Неготино

/

пред 1754 дена

Сподели преку :

Денес за прв пат по 12 години пробно во погон ќе се стави термо електраната Неготино која работи на мазут. За таа цел, по прогласувањето на кризна состојба во енергетиката, АД ЕСМ набави мазут за ставање во погон на овој производствен капацитет од вкупно 180MW.

Пуштањето на електраната ќе биде во две фази, односно најпрво пробно ќе биде пуштен едниот котел со капацитет од 90MW, а потоа и вториот од 90MW. Со ставање во погон на оваа електрана се очекува да се надокнади недостатокот од домашно производство на електрична енергија со што би се пребродела енергетската криза знаејќи дека производната цена на ел. енергија од ТЕЦ Неготино е околу 170EUR/MWh што претставува драстично пониска цена во однос на моменталните цени на берзата HUPEX во Унгарија.

Со ова АД ЕСМ ќе биде во можност да понуди електрична енергија и на стопанските субјекти во РСМ за пониска цена од берзанските со што ќе се амортизираат ценовните шокови во стопанството во Македонија.

ТЕЦ Неготино, како државна електрана, има статус на ,,ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените се одржува во состојба на готовност.