Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжени маките на Тетовци, и денеска дел од градот без вода

/

пред 1726 дена

Сподели преку :

Полни шишиња и буриња со резерви на вода. Ваква е сликата во домовите на жители на населбата Блок 70 во Тетово и денес. Дефектот во водоводната мрежа сè уште не е саниран, затоа што според надлежните се наоѓа на непристапен терен. Граѓаните се жалат дека не можат да ги извршуваат основните хигиенски потреби.

Градоначалникот Биљал Касами информираше дека чекаат подобрување на временските прилики и набавка на посебни спојки за да се изврши поправката на најновиот дефект на лешничкиот систем. Тој вели дека постојат сомневања дека проектот за новиот водовод е без стандарди и ќе формира комисија за негова ревизија.

Проблемите со лешничкиот систем започнаа минатата година во пролетните месеци. Досега  во неколку наврати поради поголеми дефекти имаше повеќечасовни рестрикции на водата за пиење со денови.

Данијела Билбилоска