Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин наложи воспоставување дипломатски односи со т.н Доњецка Народна Република и т.н Луганска Народна Република

/

пред 1685 дена

Сподели преку :

По признавањето на Доњецк и Луганск, рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со регионите кои Русија од денеска ги смета за независни држави.

Т.н. Доњецка Народна Република (ТНР) и т.н.Луганска Народна Република (ЛНР) во Украина, не се признаени од ниту една членка на ОН.

Путин, исто така го задолжи Министерството за одбрана да „обезбеди одржување на мирот во ДНР и ЛНР од страна на руските вооружени сили“.

Руските медиуми јавуваат дека руските трупи ќе бидат ангажирани за обезбедување мир, барем додека не се појават други договори со Донбас.

Андреј Климов, заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата прецизира дека Русија ги признава ДНР и ЛНР во сегашните граници и прецизираше дека утре во Советот на Федерацијата ќе се разгледува прашањето за ратификација на договорите за пријателство и соработка со овие области.