Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пуштен во употреба бројот за итни случаи 112

/

пред 1696 дена

Сподели преку :

Од денеска во Скопје, а за десетина дена и низ цела Македонија ќе биде ставена во употреба новата телефонска линија за итни повици- 112.

Стациониран во Центарот за управување со кризи, преку овој телефон граѓаните ќе можат да стапат во контакт со службите за итна медицинска помош, полицијата или противпожарната бригада од целата држава.

Овој број е дополнување на веќе воведените за повикување при итни, животозагрозувачки случаи.

Проектот е вреден 2,3 милиони евра, а подготовките траеја повеќе од 15 години.