Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Растат бројките на новозаболени лица од ковид во регионот

/

пред 1793 дена

Сподели преку :

Дневната статистика е загрижувачка и во регионот. Во Бугарија вчера беа регистрирани нови 2.826 заразени лица со коронавирус, а бројот на активни случаи се искачи на 112 илјади. Од почетокот на пандемијата со КОВИД-10, во Бугарија починале повеќе од 25 илјади граѓани.

Во Грција стапија на сила нови рестриктивни мерки. Сертификатот за вакцинација, потврдата за прележаните и негативен тест за невакцинираните, заедно со документ за лична идентификација, станува задолжителен за влез во речиси сите затворени простори во Грција. Исклучок се маркетите и продавниците за храна и аптеките.

Во Србија пак, за првпат беше регистриран и делта плус сојот, што претставува полоша форма на вирусот.