Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ревизија на Здравствен дом во Битола

/

пред 1698 дена

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија утврдил повеќе неправилности во финансиските извештаи на Здравствениот дом во Битола, каде нема воспоставено во целост активности за финансиско управување и контрола, се наведува во ревизорскиот извештај.

Ревизорите утврдиле дека  договорите за специјализација не се усогласени со Законот за здравствена заштита, а на специјализантите за 2020 година им се исплатени средства од 600 илјади денари како надомест за одвоен живот во време кога специјалистичкиот стаж бил прекинат.  За извршени и наплатени здравствени услуги од 200 илјади денари во 2020 година не се издадени фискални сметки.

Приемот и потрошувачката на масло за греење од 1,6 милиони денари, не се сметководствено евидентирани, не е извршен попис, а на цистерната во која се складира маслото нема контролен уред за потрошените количини. Исто така, ревизорите утврдиле неправилности и во дел од јавните набавки, а за надминување на овие состојби издадени се  препораки на одговорните лица во Здравстевниот дом во Битола.