Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во Германија

/

пред 1796 дена

Сподели преку :

Институтот Роберт Кох денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во Германија се регистрирани 37.120 новозаразени лица со Ковид-19, што е највисока дневна бројка од почетокот на пандемијата.

За еден ден имало и 154 смртни случаи.

Институтот Роберт Кох соопшти дека бројот на инфекции најверојатно ќе расте во следните недели, бидејќи луѓето сега подолго време поминуваат во затворен простор, а исто така и понатаму голем број од граѓаните не се вакцинирани.

Во Германија против Ковид-19 вакцинирани се 66,9 отсто од населението.