Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Риби кои можат да одат на дното на морето со своите перки може да се видат во водите на Тасманија

/

пред 1744 дена

Сподели преку :

Биолозите открија нов вид риба во водите на Тасманија, чии предни две перки се претворија во „раце“. Рибата никој не ја видел од 1999 година, а со предните перки „шета“ во плитки води.

На биолозите им требаа десет години да потврдат дека станува збор за нов вид. Тоа го потврдиле врз основа на бројни фактори како што се боја, број на пршлени, перки, мерења на телото… Научниците веруваат дека пред 50 милиони години вакви риби „шетале“ по морето. Денеска се класифицирани како загрозени, пишува Би-Би-Си.

„Ова е возбудливо откритие и нуди надеж за континуиран опстанок на видот, бидејќи очигледно има пошироко живеалиште и дистрибуција отколку што се мислеше“, рече водечкиот истражувач и морски биолог Невил Барет.

„Гледав едно од нашите видеа и видов како мала риба скокна на гребенот што изгледаше малку чудно“, рече Ешли Бастијансен од Универзитетскиот институт за антарктик и морски студии.

„Погледнав поблиску и можев да ги видам нејзините мали раце“, додаде Бастијансен.