Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родители не ги пуштаат децата на настава затоа што со нив учи дете со Даунов синдром

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

Фото: ТВ Клан

Родителите на децата од гостиварското основно училиште Башкими, ја бојкотораат наставата. Но нивниот проблем не е наставник, туку 11-годишната Ембла Адеми дете со посебни потреби, односно Даунов синдром.

Родителите не сакаат нивните деца да одат во исто одделение со Ембла затоа што велат дека е агресивна и ја попречува наставата. Директорот на училиштето вели дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес.

Таткото на Ембла, кој за случајот објави на социјалните мрежи, негира дека со директорот на училиштето се договориле нивната ќерка да ротира во три паралелки. Тој вели дека тоа бил компромис пред три-четири години, за потоа да се интегрира со другите соученици.

Таткото вели дека девојчето учело само во голема сала и се греела со мал радијатор. Одбиле да ги прифатат тие услови, по што им се јавил директорот и им рекол да ја донесат за да учи со другите деца.

Ембла ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“, а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна.