Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Роднините и граѓаните со солзи се простуваат од загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

/

пред 1765 дена

Сподели преку :

Со задоцнување од речиси два часа, поради лошото време на софискиот аеродром, со два воено-транспортни авиони на скопскиот аердором пристигнаа посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќајната несреќа на автобусот што се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во Бугарија.

На барање на семејствата на загинатите откажана е поворката која требаше да се одржи по однапред утврдена патека до и низ главниот град. Семејствата велат дека овие десет дена минувале низ агонија, а секој изминат ден им траел како една година, и бараат телата на нивните блиски веднаш да им бидат предадени.

Посмртните останки со возила на погребалното претрпијатие „Бутел“ ќе бидат пренесни до нивните вечни почивалитша.

 На плоштадот „Скендербег“ во Скопје се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите. Собрани беа роднини, но и луѓе кои не ги познаваат жртвите. Велат дека сочувствуваат со нив, дека трагедијата не познава вера, но очекуваат и одговорност за оваа несреќа во која меѓу 45-те заинати имаше и 12 деца.