Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руските хакери обвинети за обид за хакирање на истражувањата за вакцината за Ковид-19

/

пред 2270 дена

Сподели преку :

Руски шпиони се обидуваат да ги хакираат организациите кои се обидуваат да ја развијат вакцината против коронавирусот во Обединетото Кралство, Соединетите држави и Канада, предупредија безбедносните агенции на овие држави.

Националниот безбедносен центар за сајбер-безбедност на Обединетото Кралство, соопшти дека хакерите “речиси сигурно” работеле како дел од руските разузнавачки служби.

Не е прецизирано кои организации биле цел на нападите, ниту пак дали во обидите биле украдени информации. Единствено се додава дека работата на вакцината продолжува непречено и покрај хакерските напади.

Шефот на британската дипломатија на Твитер напиша: “Целосно е неприфатливо дека руските разузнавачи ги напаѓаат оние кои ја водат борбата против пандемијата корона вирус. Додека тие ги работат за своите себични интереси со ваквото неприфатливо однесува, Обединетото Кралство и сојузниците продолжуваат со напорната работа за пронаоѓање вакцина и заштита на глобалното здравје”.