Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД и Велика Британија им препорачуваат на своите граѓани да ја напуштат Украина – Европската Унија не гледа причина за евакуација

/

пред 1714 дена

Сподели преку :

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од својата амбасада во Украина, поради зголемените стравувања од руска инвазија. Официјални лица велат дека нема конкретни закани за британските дипломати, но околу половина од персоналот што работи во Киев ќе се врати во Обединетото Кралство.

Доцна синоќа и Соединетите Американски Држави им наредија на роднините на персоналот на нивната амбасада да ја напуштат Украина, велејќи дека инвазијата може да дојде „во секое време“.

Персоналот на ЕУ во Украина засега ќе остане на своето место, а шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека нема да ги „драматизира“ тензиите.

Борел вели дека нема единствен предлог за санкции од ЕУ, но во случај на агресија врз Украина, Унијата „ќе може да воведе санкции кон Русија во рок од неколку дена“.

Војниците на фронтот велат дека се уште имаат надеж за иднината на Украина, и не разбираат зошто две земји разговараат за иднината на друга земја.

Русија ги негираше плановите за воена акција, но 100.000 руски војници се собрани во близина на украинската граница.

Кремљ ги обвини САД и НАТО за ескалација на тензиите откако Алијансата соопшти дека ја зајакнува одбраната во источна Европа поради кризата во Украина.

Сојузниците од НАТО денеска ја ставија својата армија во состојба на готовност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните бази во Источна Европа, зајакнувајќи ги силите и одбраната, во време, како што истакна НАТО, „кога Русија продолжува да распоредува војници во близина на украинската граница“.

Мартин Николовски