Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Северна Кореја повторно истрела проектил

/

пред 1711 дена

Сподели преку :

Северна Кореја истрела најмалку една „непозната ракета“ во морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска, шести пат во циклусот ракетно тестирање во јануари.

Заедничкиот штаб на Јужна Кореја најпрвин соопшти дека го открил лансирањето, а неколку часа подоцна објави дека севернокорејската ракета прелетала околу 190 километри на височина од 20 километри.

Јужнокорејската војска, исто така, претходно соопшти дека Северна Кореја во вторникот истрелала два крстаречки ракети во морето во близина на нејзиниот источен брег, што ги зголеми тензиите во областа.

Претходно во јануари, Северна Кореја тестираше тактички наведувани „хиперсонични ракети“ способни за голема брзина и маневрирање по истрелување.