Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Северна Кореја: Тестиравме „нов тип хиперсонична ракета“

/

пред 1731 дена

Сподели преку :

Северна Кореја објави дека ракетата што ја тестираа вчераутро е „нов тип хиперсонична ракета“.

Севернокорејската централна новинска агенција објави дека експериментот „новиот тип на хиперсоничен“ спроведен вчераутро беше успешен.

Севернокорејската централна новинска агенција пишува дека „Успесите на тестовите на полето на хиперсонични ракети се од стратешко значење, тие ја забрзуваат модернизацијата на вооружените сили на државата“.

Агенцијата не даде информации дали севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, го гледал тестот.

Националниот весник Родонг Синмун  близок до владејачката Работничка партија, сподели фотографија од моментот на ракетниот тест со јавноста.