Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Секој четврти тестиран е ковид позитивен, со омикрон заразени 68 проценти

/

пред 1724 дена

Сподели преку :

Секој четврти тестиран, според последната статистика на МЗ, е позитивен на Ковид-19, а 68 проценти од секвенционираните примероци се со новиот сој на вирусот – омикрон.

Вчера беа евидентирани 1.822 нови случаи на Ковид-19, од направени 7.123 тестови. Регистрирани беа тројца починати, а 668 оздравени пациенти. Активни се 13.478 случаи. Омикрон сојот е откриен во 12 градови. Иако омикронот дава полесна клиничка слика, болниците веќе почнаа да се полнат. Хоспитализирани се 351 лице во целата држава, што е 41 процент повеќе во споредба со претходна недела. Исто така, зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, а бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти. Според епидемиолошките анкети, најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај три дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат.