Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се намалува процентот на заболени од корона вирусот

/

пред 2258 дена

Сподели преку :

102 нови случаи на корона вирус во изминатите 24 часа, од направени 1356 тестирања. Процентот на заболени полека се стабилизира, и денеска е под 10%. Скопје останува со најголем број на заболени, 39, следува Штип со 13, каде ситуацијата станува алармантна, со оглед на тоа што во градот има активни 419 случаи.

 

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (70 години), пациент од Кичево (72г.), пациент од Куманово (64г.), пациент од Прилеп (48г.) и пациент од Штип (76г.) . Сите пациенти се починати во болнички услови. 

 

Оздравени се вкупно 99 пациенти.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10315,  бројката на оздравени пациенти е 5663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181.