Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се подготвува теренот за германските истражители

/

пред 1848 дена

Сподели преку :

Претставници на Федералната криминалистичка полиција на Германија во наредните неколку дена треба да пристигнат во Македонија. Заедно со нашите обвинители ќе треба да направат увид во остатоците од модуларната болница во Тетово во која изгореа 14 КОВИД пациенти. Во меѓувреме, обвинителството информираше дека истрагата за пожарот е во тек.

„Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот“, соопштија од Јавното обвинителство.

Тимот од Германија е специјализиран за истраги со жртви во катастрофи и несреќи. БКА ќе соработува со МВР и треба да ја помага истрагата која ја води обвинителството, за да открие кои се причините за пожарот. Денеска во Тетово на местото на пожарот беа претставници на германската амбасада.