Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се укинува задолжителното носење на заштитни маски во Црна Гора

/

пред 1643 дена

Сподели преку :

Црногорската министерка за здравство, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, денеска најави дека од задутре носењето заштитни маски во училиштата, маркетите, трговските центри, спортските сали ќе биде само како препорака.

Таа во емисијата „Добро утро Црна Горо“ за в четврток најави нови мерки за заштита од коронавирусот , посочувајќи дека заштитните маски ќе бидат задолжителни во здравствените установи, во објектите за колективно сместување и во јавниот превоз.

Како што истакна, наставата во училиштата ќе трае 30 минути додека не се разгледа целокупната состојба. „Сè уште треба да бидеме внимателни. Короната неколку пати непријатно не изненади. Состојбата во моментов е поволна и стабилна. Имаме значителен пад на бројот на пациенти на дневна основа, пад на бројот на хоспитализирани“, изјави Боровиќ Бојовиќ.