Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Роднините сведочат: Кршевме прозорци за да ги спасиме блиските

/

пред 1850 дена

Сподели преку :

Се уште трае увидот во модуларната ковид болница во Тетово која синоќа изгоре речиси до темел. Според информациите на Телма, на тројцата скопски обвинители им се придружил и регионалниот виш обвинител од Кичево.

Роднини чекаат пред болницата. Не сакаат да даваат изјави пред камера, но еден млад човек со солзи во очите раскажува за страотните мигови кога се обидувал да ги спаси двајцата родители кои биле во болиницата. Тој успеал да го спаси својот татко, не не и својата мајка.

Уште една млада девојка сведочи како успеала да го спасила својот татко, само затоа што во модуларната болница докторите им рекле дека пациентите може да се со домашна придружба, да им помагаат, бидејќи немале доволно медицински кадар. Девојката успеала да искрши прозорец, и да го извлече татка си, се вратила по двајацата други пациенти кои лежеле со него во  собата, но немале придружба. Едниот од нив не можела да го разбуди, а бидејќи почнала да го голта чадот, морала и таа брзо да се повлече. Луѓето останале да лежат, и изгореле.

Тамара Грнчароска е во Тетово и ја следи атмосферата.