Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СЗО предупредува дека пандемијата ќе продолжи во текот на 2022 година

/

пред 1812 дена

Сподели преку :

Пандемијата на коронавирус ќе продолжи во текот на 2022 година поради ниската стапка на имунизација во сиромашните земји, предупреди Светската здравствена организација.

Високиот функционер на СЗО, Брус Ајлвард, рече дека поради фактот што сиромашните земји не добиваат доволно вакцини, пандемијата на Ковид-19 ќе продолжи и во 2022 година.

Ајлвард апелираше до богатите земји да ги отстапат своите места во редот за вакцини, така што фармацевтските компании наместо нив ќе им дадат приоритет на земјите со најниски примања.

“Можам да ви кажам дека не сме на вистинскиот пат. Навистина треба да го забрзаме или знаете што? Оваа пандемија ќе трае една година подолго отколку што е потребно”, предупреди Ајлвард.

Невладините организации тврдат дека само една од седумте дози што ги ветуваат фармацевтските компании и богатите земји всушност пристигнува на нивните дестинации во посиромашните земји.

Помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано против коронавирус во споредба со 40 проценти на повеќето други континенти.