Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Словенецот кој за пари се вакцинираше во името на други лица доби 10 месеци затвор

/

пред 1684 дена

Сподели преку :

Човек во Словенија кој се вакцинираше во името на други луѓе за да добијат ковид пропусници е осуден на 10 месеци затвор поради измама.

Парична казна е изречена за четворица мажи кои му платиле за оваа „услуга“.

Мажот кој наместо други лица, бил шест пати вакциниран, е осуден на затвор. Тој беше откриен на крајот на декември додека се обидувал да ја прими седмата доза и веднаш му беше одредена мерка притвор.

Нарачателите на услугата, исто така се осудени за измама, но тие минаа без затворска казна, при што двајца се казнети со по 2.550 евра, а двајца по 1.360 евра.