Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Снежна бура во САД

/

пред 1708 дена

Сподели преку :

Околу 70 милиони Американци беа погодени од „историска“ снежна бура во североисточниот дел на САД. Снежната покривка за само еден ден достигна висина од 40 сантиметри.

Снегот го покри и култниот Бруклински мост во Њујорк, еден од најстарите висечки мостови.

Владите на Њујорк и Њу Џерси прогласија вонредна состојба, предупредија на можен прекин на електричната енергија и апелираа до граѓаните да не патуваат денеска.

Поради снежната бура откажани се повеќе од 5.000 летови, а проблеми има и во копнениот сообраќај.

Предупредување за снежната бура е издадено во 10 американски држави. Метеоролозите најавуваат дека врнежите ќе почнат да слабеат во текот на ноќта.