Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието нема да расправа за бугарскиот Меморандум

/

пред 2159 дена

Сподели преку :

Опозицијата предлага, власта одбива да расправа за бугарското условување на нашите евроинтеграции. Затоа, немаше кворум на седницата на Комисијата за надворешна политика. Претседателот Антонијо Милошоски објаснува дека Комисијата треба да го осуди бугарскиот Објаснувачки меморандум како историски анахронизам и спротивен на европските вредности. Отсуството на владеачките партии за ВМРО ДПМНЕ  е бојкот и обид нешто да се сокрие.

СДСМ со објаснување за отсуството: нема потреба Собранието да расправа и да одлучува за тоа што се факти, како што се македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

И другите владеачки партии имаат став дека ваква расправа е непотребна.

ВМРО ДПМНЕ не се откажува од намерата. Милошоски најавува дека повторно ќе закаже седница на комисијата и очекува присуство на министрите Бујар Османи и Никола Димитров. Доколку се утврди дека работат на штета на македонскиот народ и ги одбегнуваат собраниските комисии, можно е да се поднесе интерпелација за нивната работа.

Соња Николовска