Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието нема да расправа за македонско-бугарските односи

/

пред 2151 дена

Сподели преку :

Нема расправа за македонско-бугарските односи и ризикот од блокада на нашите евроинтеграции: на Комисијата за надворешна политика не присуствуваше власта, а од пленарната седница си замина најголемата опозициска партија. ВМРО ДПМНЕ предложи прва точка на новата седница да биде информација за ова прашање.

Предлогот не беше ставен на гласање, не ги исполнува процедуралните услови.

ВМРО ДПМНЕ веднаш ја напушти салата. Дневниот ред беше изгласан во нивно отсуство, со гласовите на владеачките партии плус Алијанса-Алтернатива. Власта јасно порача дека не е време да се покажуваат мускули во Собранието заради дневно-политички поени.

Министрите Бујар Османи и Никола Димитров не присуствуваа ниту на вториот обид прашањето за македонско-бугарските односи да се отвори во Комисијата за надворешна политика. Во отсуство и на пратениците од мнозинството, претседателот на Комисијата Милошоски, го пополни столчето на Димитров со помош на фотографија и стиропор.

Соња Николовска