Стари се податоците на заводот за статистика. Вака министерот за образование Јетон Шаќири се обиде да ги релативизира поразителните податоци дека половина од второ и третооделенците не знаат да читаат.
Според резултатите од истражувањето кое се спроведувало во 2018 и 2019 година, едвај 45% од децата во второ одделение имаат основни вештини за читање, односно можат правилно да прочитаат 90 проценти од зборовите во расказот, да одговорат на три прашања за буквални значења и две прашања за изведени значења.











