Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стопиран тендерот за автобуско метро на Град Скопје

/

пред 1752 дена

Сподели преку :

Град Скопје го стопираше тендерот за брз автобуски превоз. Како што наведуваат од Град Скопје, нотирани се бројни недостатоци и ризици од проектот кои би имале негативно влијание врз животната средина, а кои се содржани во анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје. Првата претквалификациона фаза на меѓународниот тендер траеше до пред два дена. Претходно, градоначалничката Арсовска најави дека жителите на Скопје преку референдум ќе бираат која е најдобрата опција како решение за јавниот превоз и дали сметаат дека проектот предложен од нејзиниот претходник Шилегов за брз автобуски превоз е добро решение за градот.

Реагираа од СДСМ. Велат дека потегот на Арсовска е скандалозен. Истакнуваат дека на проектот се работело три години, а  со средства од ЕБОР и со средства од градскиот буџет, направени се истражувањата и изработка на студијата на која учествуваа сообраќајни експерти од земјава и странство, како и проект за првата траса. За двете траси бил потпишан договор со ЕБОР за наменски кредит од 70 милиони евра.

Сега, заради лични хирови, Арсовска го укинува овој проект кој што веќе е во процес на реализација и од висок интерес на скопјани, велат од СДСМ.