Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студија: Фрлениот парацетамол во реките е закана за здравјето

/

пред 1692 дена

Сподели преку :

Парацетамолот, никотинот, кофеинот, лековите за дијабетес и епилепсија фрлени во реките се најголемите загадувачи и се закана за јавното здравје, вели најголемото истражување направено од американскиот Јорк Универзитет.

Загаденоста на реките најмногу се должи на фрлените лекарства и нивното влијание се уште не е утврдено, но се знае дека растворените човечки контрацептиви можат да влијаат на развојот и репродукцијата на рибите.

Студијата се базира на илјада примероци од повеќе од 100 држави.

Во извештајот се вели дека зголеменото присуство на антибиотици во реките, исто така, може да доведе до развој на резистентни бактерии, оштетувајќи ја ефикасноста на лековите и на крајот претставувајќи „глобална закана за животната средина и глобалното здравје“. Најзагадените локации биле главно во ниско или средно развиените земји, каде лошо се управува со отпадните води и фармацевтското производство.  Реките во Пакистан, Боливија и Етиопија се најзагадени, додека реките во Исланд, Норвешка и амазонската прашума се оценети како најчисти.