Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сѐ уште не се исплатени штетите од ланските пожари во Истокот

/

пред 1707 дена

Сподели преку :

Обезбедување на документацијата, елаборатите, но и коронавирусот го развлекоа процесот на исплатата на штети од ланските августовски пожари. Во Општина Берово, поради изолацијата на членовите на комисијата постапката е стигната до елаборатот. Последниот член се враќа денеска на работа и Комисијата може да почне.

Од Општина Делчево информираат дека кај нив проценката е завршена на објектите, кои изгореја, сега работата е префрлена во државната комисија. Во Пијанечко-Малешевскиот регион 40 отсто од пеплосаните шуми се во приватна сопственост, а остантите 60 во државна. Сега се чека на тоа кој ќе ја прави проценката за исплата на штетите на приватните шуми. Во руралната општина Карбинци, каде изгореа неожнеани житни култури, куќи и овоштарници барањата се доставени до Комисијата

Во источниот регион лани изгореа над 5.000 хектари шума, а проценката е дека огнот пеплоса 37 милиони евра.

Викторија Јованова