Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тага и неверување во Центарот за социјални работи во Тетово по трагичната загуба на Хатиџе Ислами

/

пред 1773 дена

Сподели преку :

Тага и неверување во Центарот за социјални работи во Тетово по веста за трагичната загуба на Хатиџе Ислами, која беше една од жртвите на автобуската сообраќајна несреќа во Бугарија. Таа на последното патување била заедно со сопругата на нејзиниот брат и внуката, кои исто така го изгубија животот во несреќата.

Хатиџе беше доктор на науки, со 30-годишно работно искуство како психолог во Службата за брак и семејство и заштита од семејно насилство.

Колегите организираа комеморација во знак на нејзино сеќавање.

Според неофицијалните информации 6 патници во автобусот биле од Тетово и тетовско.

Данијела Билбилоска