Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тензично на комисијата за политички систем, ВМРО ДПМНЕ бара повлекување на законот за академија на судии и јавни обвинители

/

пред 1698 дена

Сподели преку :

Во ваква атмосфера заседаваше комисијата за политички систем.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ побараа да се повлече законот за Академија на судии и јавни обвинители поради европското знаменце и непочитување на процедурите од собранискиот Деловник.

Тврдат дека со ова се отвора врата за партизација на правниот систем.

Претседателката на комисијата Соња Мираковска рече дека законот е со европско знаменце, но ќе се носи по редовна а не скратена постапка.

Најголемиот дел од забелешките на опозицијата се однесуваат на начинот на бодување, односно спроведувањето на приемниот дел или практичниот испит чие бодување ќе зависи исклучиво од приемната комисија.

Тврдат дека досегашниот начин на прием на слушатели на академијата гарантира поголема објективност и стручност при конечниот избор наспроти предложениот законски текст со кој на завршната комисија и се овозможува  да манипулира и калкулира при давањето оценки.

Јулијана Пешевска