Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп за првпат и се обрати на нацијата, најави дека може ќе ја ослободи Белата Куќа

/

пред 2149 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за првпат и се обрати на јавноста откако на 7-ми ноември медиумите го прогласија за победник, кандидатот на Демократите, Џо Бајден.

Во дел од обраќањето, Трамп како да најави дека нема да ја окупира уште долго Белата Куќа. Рече дека времето ќе покаже кој ќе биде следниот претседател, но сепак не кажа дека се согласува на мирното предавање на функцијата. И покрај зголемениот број на новозаразени во земјата, Трамп одбива да воведе карантин, но навести дека тоа наскоро би можело да дојде ако судските процеси кои ги почна ја потврдат победата на неговиот ривал на претседателските избори Џо Бајден.