Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Турција: Ердоган претседава со седница на безбедносниот совет за руската воена интервенција во Украина

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Во Претседателската палата во Анкара во тек е седница на безбедносниот совет во врска со руската воена интервенција во Украина, со која претседава турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави агенцијата Анадолија.

На состанокот присуствуваат потпретседателот Фуат Октај, министерот за одбрана, Хулуси Акар, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, началникот на Генералштабот, генерал Јашар Ѓулер, шефот на Националната разузнавачка организација, Хакан Фидан, шефот на Дирекцијата за комуникации, Фахретин Алтун и портпаролот на претседателот, Ибрахим Калин.

Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, не беше во можност да присуствува поради тоа што е во посета на Казахстан.