Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина: Русија го напаѓа Киев од белорускиот аеродром Гомел

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Генералштабот на украинската армија денеска соопшти дека Русија го користи аеродромот Гомел во Белорусија за да ги подготви своите војници за нападот на Киев, иако тие го контролираат аеродромот Гостомел во близина на главниот град на Украина.

Според соопштението, руските трупи напредуваат кон Киев од неколку правци, додека украинските сили се борат околу Мариупол на југ и Харков на североистокот од земјата.

Украинската армија предупреди и дека цел на руските напади сè повеќе се цивилни објекти.

– Со цел да го заплаши населението на Украина, непријателот сè повеќе се одлучува за уништување на цивилната инфраструктура и станбените објекти, се наведува во соопштението на Генералштабот на вооружените сили на Украина објавено на Фејсбук.