Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украинците почнаа да се обучуваат за пукање во случај Русија да ги нападне

/

пред 1693 дена

Сподели преку :

Украинската единица на специјалните сили почнаа да ги обучуваат и цивилите во градот Мариупољ како да ракуваат со оружје. Градот се наоѓа на брегот на Азовско Море во Доњецката Област во Украина. Жителите на овој град вчера беа обучувани како да се самоодбранат во случај на напад од Русија. Специјалците ги учеа и младите и старите како да расклопат пушка, како да ја наполнат со муниција и да нишанат. Војниците сметаат дека ова е правилен потег, бидејќи ако Русите ги нападнат Киев, Одеса и Мариупољ, тогаш граѓаните ќе мора да знаат да се одбранат. Цивилите со деца присуствуваа на обуката, и со задоволство учеа воени вештини.