Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Училиште во струмичко протестира за настава со физичко присуство на децата

/

пред 2194 дена

Сподели преку :

Родители на ученици  и вработените во основното училиште „Борис Трајковски“ во село Моноспитово, струмичко, денеска протестираа во училишниот двор незадоволни од одлуката на министерството за образование да не се дозволи настава со физичко присуство на децата од четврто до деветто одделение. Родителите велат дека одлуката е несериозна и избрзана.

И наставниците и раководството на училиштето се незадоволни од ваквата одлука. Сметаат дека е нелогична и дека не соодветствува со реалната состојба во училиштето.

Училиштето Борис Трајковски е деветолетка, но со текот на годините бројот на ученици е драстично опаднат, па капацитетите се далеку поголеми од потребите.

Според одлуката на Министерството за образование и наука, во струмичко речиси сите училишта ќе имаат онлајн настава.

Сузана Мицева