Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Фајненшл тајмс“: Новиот бугарски премиер дава сигнали дека Софија ќе стави крај на опструкциите за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ

/

пред 1754 дена

Сподели преку :

„Фајненшл тајмс“ објави дека новиот бугарски премиер Кирил Петков дава сигнали дека Софија ќе стави крај на опструкциите за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ, ​​откако неговата влада ќе стапи на должност. Владата на Петков денеска ја одржува првата седница , а Петков рече дека позицијата на Бугарија кон Македонија останува базирана на Договорот од 2017 и најави дека истата ќе ја надргади со формираше на нови работни групи, кои ќе се состануваат секој месец.

Првиот чекор е да се активира работата на билатералните комисии предвидени со Договорот, потоа планирано е формирање деловни комисии. Уште еден чекор е засилена соработка во областа на транспортот, меѓу кои се директното воздушно поврзување Софија-Скопје, изградба на Коридорот 8, финансиската поддршка за железничкото поврзување. Предвидено е интензивирање на соработката во областа на науката и културата. Исто така ќе продолжи работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања.