Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Финска ја укина обврската за носење маски во јавниот превоз

/

пред 1808 дена

Сподели преку :

Обврската за носење маски во јавниот превоз во Финска од денеска е укината. Патниците во возовите во земјата и во јавниот превоз во Хелсинки отсега можат да патуваат без маски, соопштија од железничкиот оператор ВР и компанијата ХСЛ, која управува со јавниот превоз во главниот град.

Условот за носење маски беше на сила од март годинава.

„Со отворањето на јавноста и отстранувањето на ограничувањата, ВР одлучи од 25 октомври да се префрли од барањето за носење маски на препораката за носење маски во сите возови на долги релации и за градските возови“, се наведува во соопштението од ВР.

Патниците сега ќе можат сами да одлучат дали ќе носат маски додека патуваат.

Мислењето на клиентите се промени, наведуваат од  компаниите. Според истражувањето на клиентите спроведено во септември, само 43 отсто од патниците сакале да користат маска за лице, во споредба со 58 отсто во август.