Постои висок ризик од војна од поголеми размери, вели професорот на Воената академија Методи Хаџи – Јанев, бидејќи стана очигледно дека Путин не остана само на закани туку почна и да го реализира планот. Тешко е да се процени сега дали Русија ќе запре на интервенцијата во Украина или следна мета се Балтичките држави, вели Хаџи – Јанев.











