Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четири деца загинаа, а петмина се повредени во експлозија на гумен замок во Тасманија

/

пред 1752 дена

Сподели преку :

Четири деца загинаа, а четворица се критично повредени откако налетот на ветар го разнесе во воздух гумениот скокачки замок во Тасманија.

Починатите деца се две момчиња и две девојчиња, ученици во шесто одделение од основното училиште Хилкрест во Девонпорт.

Други пет повредени ученици се пренесени во болница од кои четворица се во критична, а еден во тешка состојба.

„На денот кога овие деца требаше да го прослават својот последен ден од основното училиште, наместо тоа, сите жалиме за нивната загуба“, рече полицискиот комесар Дарен Хајн.

„Нашите срца се кршат за семејствата и најблиските, соучениците, наставниците на овие млади луѓе кои беа прерано земени. Загубата на децата нè погодува сите нас и нашите мисли и молитви секако се со најблиските роднини и училишната заедница“ – додаде Хајн.

Комесарот Хајн не сакаше да навлезе во детали како настанала трагедијата, а исто така не даде информација колку деца имало на скокачкиот замок.

„Во тек е истрага на судскиот вештак. Тие истраги продолжуваат за да се откријат тие информации за да можеме да ги предадеме на судскиот совет. Нашата главна улога овде е да ја истражуваме и поддржуваме заедницата.Ќе биде потребно доста време да се истражи. Таму има голем број луѓе и сведоци кои треба да бидат сослушани“, рече тој.

Премиерот Питер Гутвејн и премиерот Скот Морисон изразија сочувство.

„На денот кога учениците славеа крај на учебната година, толку блиску до Божиќ, едноставно е незамисливо да се случило ова шокантно“ – изјави Гутвејн.

Премиерот Морисон несреќата во Тасманија ја опиша како „незамисливо срцепарателно“ и „ужасна трагедија“.