Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четири месеци го криела телото на татко му дома за да ја користи неговата пензија

/

пред 1723 дена

Сподели преку :

Во Јапонија уапсена е жена која околу 4 месеци го криела телото во својот дом за да ја зема пензијата на починатиот татко.

Соседите на Хироми Ширатори, која живеела со нејзиниот 76-годишен татко, се посомневале откако долго време не го виделе старецот.

Инцидентот бил пријавен во полиција, а безбедносните сили и социјалните работници на 11 јануари кога отишле да проверат, го пронашле безживотното тело на таткото на Ширатори.

Осомничената, во изјава во полиција рекла дека нејзиниот татко починал во септември минатата година. Таа призна дека веста за неговата смрт не ја пријавила на локалните власти за да продолжи да ја добива пензијата на нејзиниот татко.

Полицијата поведе детална истрага за да се утврди точниот датум на смртта на таткото на осомничената жена.