Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чешките болници преполни со пациенти со Ковид-19

/

пред 1785 дена

Сподели преку :

Војници на чешката армија се испратени да им помогнат на преполните болници и социјални домови во две области во источниот дел на Чешка, изјави владин портпарол. Ваква дополнителна помош е првпат потребна по неколку месеци, јави ДПА.

Првично ќе бидат испратени 40 војници, но најверојатно наскоро ќе пристигнат на помош и повеќе.

Драстичното зголемување на пациентите со Ковид-19, чија состојба бара хоспитализација, доведе до тоа многу болници, како на пример во Брно и Пилсен, да ги одложат закажаните процедури.

Неодамна усвоените законски измени дозволуваат до 900 војници да бидат ангажирани за да помогнат во справувањето со итните здравствени ситуации.

Од денеска, сите невакцинирани здравствени работници мора да се тестираат неделно на коронавирус. Досега, само околу 6,2 милиони луѓе од 10,7-милионското население се целосно имунизирани. Бројот на заразени случаи со Ковид-19 се зголемува. Седумдневниот морбидитет е 718 инфицирани на 100.000 жители.