Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Човечки фактор или испад на далноводот причина зошто речиси цело Скопје, но и делови од други градови останаа без струја

/

пред 1694 дена

Сподели преку :

Човечки фактор или искрење од далноводите како причина за пожарот поради кој Скопје, делови од Штип, Свети Николе и други населени места останаа без струја, е прашањето кое надлежните ќе треба да го одговорат. МВР веќе ги проверува снимките од безбедносите камери поставени во близина на местата каде што се случија дефектите.

Според официјалните информации од МЕПСО до прекинот со снабдување со електрична енергија дојде поради испад на далноводот од трафостаницата „Скопје 4“ во населбата Пинтија која го снабдува со струја поголемиот дел од градот, но и трафостаницата Бунарџик преку која се снабдуваат градовите во овчеполскиот регион. Оттаму додаваат дека диспечерите го вратиле напонот во поголемиот дел од мрежата и дека се работи на отстранување на изолирани дефекти поради што можни се краткотрајни прекини во снабдувањето.

Испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле. Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кВ трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија. Во оваа прилика АД МЕПСО ги информира граѓаните дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија но единствено во насока на создавање услови нашите стручни екипи да ги отстранат преостанатите дефекти, соопштија од МЕПСО.

Пожарот кој избувна на само сто метри од клучната 400 киловатна трафостаница „Скопје 4“ и точно под далноводот кој води кон трафостаницата Бунарџик бил локализиран брзо од скопските пожарникари. Не се исклучува можноста дека е прдизвикан од искра од далноводот, а експлозијата на трафостаницата во Бунарџик била пријавена неколку моменти подоцна.

Според информациите на Телма, на трансфоматорот кај Бунарџик дошло до оштетување на осигурачите, што укажува на фактот дека заштитниот ланец бил пробиен, автоматската заштита не реагирала навремено и поради тоа се случила експлозија.

Од ЕСМ соопштија дека поради испадот на мрежата, во периодот кога Скопје беше без струја немаше ниту парно греење, бидејќи пумпите во топланите и во зградите се изгасија и снабдувањето ќе се нормализира до крајот на вечерта.

Огнен Чанчаревиќ