Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шарпланинските реки полни со градежен шут

/

пред 2196 дена

Сподели преку :

Додека во тек е кампањата за прогласување на Шар Планина за Национален парк, планинарите наидуваат на жалосна слика на Лешница, во срцето на шарпланинскиот масив. Отпад, градежни зафати и река заробена во цевки. Загрижени за судбината на шарските реки, граѓански активисти бараат од Владата итно да ја запре изградбата на малите хидроцентрали, додека планинарите го чистат отпадот кој зад себе го оставиле несовесните граѓани, при посетата на ова излетничко место.

Според универзитетскиот професор Славчо Христовски, кој е дел од експерскиот тим што ја изработи Студијата за валоризација на Шар Планина, малите хидроцентрали не треба да се градат. Поголема заштита на овој предел се очекува со нејзино прогласување за заштитено подрачје.

Според текот на процесот на прогласување на Шар Шланина за национален парк се очекува до почетокот на декември Законот да биде ставен во собраниска процедура.

Данијела Билбилоска