Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Швајцарците денеска на референдум се изјаснуваат за ковид потврдите

/

пред 1770 дена

Сподели преку :

Швајцарските гласачи денеска на референдум ќе одлучат дали да го поништат воведувањето на ковид сертификатот што во моменов им е потребен за докажување на вакцинација, заздравување од Ковид-19 или негативен тест.

Противниците на ковид потврдата со петиција ги принудија властите да се оди на гласање. Тие се спротивставуваат на овој документ за влез на настани или во ресторани, кажувајќи дека тоа ќе ја подели државата и индиректно ќе ги принуди луѓето да се вакцинираат.

Меѓутоа, на неодамнешните анкети се виде дека околу 60 отсто од испитаниците се против укинување на ковид сертификатите.

На денешниот референдум се гласа и за иницијатива на медицинскиот персонал, која најверојатно ќе биде прифатена.

Тие бараат повисоки плати, подобри услови за работа и повеќе пари за образование и обука. Стручниот медицински персонал месечно заработува во просек над 4.000 евра бруто.

Меѓутоа, трошоците за живот во Швајцарија се високи и нема стимулации за работодавците да придонесуваат за здравствено осигурување на вработените. Владата сака да инвестира повеќе во обука, но условите за работа да им ги остави на работодавците.

Денеска ќе се гласа и за тоа како да се именуваат федералните судии. Тие досега беа избирани од парламентот според распоредот на гласовите меѓу партиите. Поддржувачите на иницијативата тврдат дека тоа во неповолна положба ги става непартиските правници и предлага стручна комисија од надлежни правнбици  кои потоа би одлучувале со ждрепка.