Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јавното обвинителство од Куманово поднесе обвинение за три лица кои го ископаа гробот на Јелена Филиповиќ

/

пред 1733 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе обвинителен предлог против три лица кои се товарат дека како соизвршители во обид да извршат кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик, на Градските гробишта во Куманово.

Двајца 30-годишници и едно лице на возраст од 32 години, сите од Куманово, заедно и по претходен договор, ноќта помеѓу 9 и 10 октомври, на Градските гробишта во Куманово, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

– Со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен еден од гробовите, по што започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало телото на покојната Јелена Филиповиќ. Го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел да пронајдат златен накит, бидејќи имале сознанија дека покојната наводно е закопана со злато на себе. При пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле, се вели во соопштението од ОЈО.