Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јапонскиот милијардер Маезава се врати на Земјата по 12 дена патување во вселената

/

пред 1748 дена

Сподели преку :

Четириесет и шест годишниот Јусаку Маезава  тргна од космодромот Бајконур во Казахстан на 8 декември со помошникот Јозо Хирано и рускиот космонаут Александар Мисуркин и повторно се врати во Казахстан.

Во соопштението на Руската Федерална вселенска агенција (Роскосмос) се наведува дека „туристичкиот“ вселенски брод Сојуз МС-20 го завршил својот лет, но точното време на слетувањето не е наведено.

Меазава сподели околу 12 дена од вселенскиот живот на својот канал на YouTube.

Јапонскиот милијардер исто така им кажа на своите 1 милион следбеници на платформата како да мијат заби и да се тушираат во вселената.